Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 39 степени.
Во вторник ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Промена на времето се очекува од среда и во деновите потоа кога поради продор на постуден воздух од север и засилен северен ветер температурите ќе бидат во опаѓање. Врнежи од дожд и значително пониски дневни температури ќе има во петок. Од сабота температурите ќе бидат во постепен пораст.
Текстот УХМР најавува до 40 степени утре, попладне пороен дожд, грмежи и услови за град е превземен од МАКФАКС.


















