Седумдесет и двегодишна жена од Куманово пријавила во полиција дека била физички нападната од својата 13-годишна внука.

Како што соопшти МВР, случајот бил пријавен на 18 јули во 21:30 часот во СВР Куманово. Според пријавата, инцидентот се случил во семејниот дом.

Исто така, според пријавеното, малолетничката со остар предмет ѝ упатувала закани на пријавителката, како и на други членови на семејството.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Текстот Тринаесетгодишно девојче ја нападнало својата 72-годишна баба во Куманово е превземен од МАКФАКС.