Триесет и осумгодишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако багерот со кој изведувал работи се превртел на улицата „137“ во Гостивар.
Според пријавата, С.А. (38) од Чегране бил на терен со работната машина кога се превртела.
Повредениот бил пренесен за укажување лекарска помош во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Увид на местото на настанот извршила екипа од ОВР Гостивар.
Текстот Се превртел багер во Гостивар, тешко повреден 38-годишен маж е превземен од МАКФАКС.














