Непознати сторители со огнено оружје пукале кон објект на фирма во Тетово, при што биле оштетени објектот и неколку возила.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 јули од 42-годишен тетовец.
Според пријавата, во текот на ноќта било пукано кон објектот на неговата фирма во Тетово.
При увидот, полициска екипа пронашла 11 чаури, а биле констатирани оштетувања на објектот и на возила.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
Текстот Пукано кон објект на фирма во Тетово, пронајдени 11 чаури е превземен од МАКФАКС.














