Триесет и двегодишен маж е уапсен во Штип откако, според МВР, заедно со својата сопруга физички нападнал полициски службеник додека извршувал службени дејства.

Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, на 18 јули во 00:30 часот полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода К.Л. (32), со престојувалиште во Штип.

Според полицијата, тој и неговата сопруга К.Х. (30) на улицата „Гоце Делчев“ во Штип физички нападнале полициски службеник кој извршувал службени дејства.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Текстот Сопружници од Штип осомничени за напад врз полицаец е превземен од МАКФАКС.