Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција Фарс.
Заменик-министербот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот бидејќи Вашингтон со своите воени дејства ги прекршил обврските од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад.
„Повеќе не се сметаме за обврзани да ги почитуваме договорените обврски“, рече Гарибабади.
Иранскиот врховен лидер Мојтаба Хамнеи, пак, оцени дека повторените американски прекршувања покажале оти потписот на претседателот Доналд Трамп е „безвреден и без кредибилитет“, пренесе Ројтерс.
САД и Иран во средината на јуни постигнаа привремен договор кој требаше да го отвори патот кон траен прекин на војната и повторно отворање на Ормутскиот Теснец. Двете страни си поставија рок од 60 дена за постигнување конечен договор, но борбите повторно ескалираа на почетокот на јули.
Текстот Иран се повлече од договорот со САД е превземен од МАКФАКС.














