Денеска на Попова Шапка се измерени 22 степени, 26 во Крушево, 28 на Маврови Анови, 30 во Претор, 31 степен се измерени воОхрид, 32 во Крива Паланка, Битола, Прилеп, Берово, 35 во Тетово, Виница, 36во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Штип, Струмица, а 38 степени се измерени во Велес, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕС И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Попладнево ќе биде сончево со локална појава на облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Во источните планински предели ќе има услови за развој на нестабилна облачност со слаб дожд и појава на ретки грмежи. Во текот на ноќта ќе биде ведро и претежно тивко.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утре се очекува сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Попладне ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 38 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во следните два дена ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност во текот на денот. Дневната температура локално ќе достигне 40 степени. Во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Во вторник се очекува на повеќе места нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

Текстот Во следните два дена ќе биде сончево и многу топло, со температура до 40 степени е превземен од МАКФАКС.