Кели Озборн веќе некое време ја интригира јавноста, а причината е нејзиното ненадејно губење на тежината. Како што објавија странските медиуми, таа ослабела дури 38 килограми по породувањето и наводно не користела Оземпик, лек за дијабетес што многумина го злоупотребуваат за да го изгубат вишокот килограми.

Кели сега објави фотографија од летниот одмор на интернет, а нејзината видливо слаба фигура привлече внимание. Таа позираше во едноделен костим за капење што го истакнуваше нејзиното витко тело.

На својот стајлинг додаде очила за сонце и шапка, а не треба да се изоставаат ни ѓерданите, што го подигна обичниот летен стајлинг на следно ниво.

Коментарите од следбениците на Кели само се нижеа, а многумина ѝ рекоа дека е прекрасна.

„Кралица“, „Совршена си. Ни недостигаш“, „Драго ми е што те гледам како уживаш во животот“, се само дел од коментарите…

Текстот (Фото) Ќерката на Ози Озборн ослабе 38 килограми и гордо го покажа своето тело во костим за капење е превземен од МАКФАКС.