Поранешниот директор на италијанската компанија за автопати „Аутостраде пер л’Италија“, Џовани Кастелучи, е осуден на 12 години затвор за уривањето на мостот Моранди во Џенова во 2018 година, во кое загинаа 43 лица. Обвинителите побараа значително подолга казна за него, објави Би-Би-Си.
Кастелучи беше еден од 57-те обвинети на судењето во Џенова. Тој веќе отслужува шестгодишна казна за сообраќајна несреќа во 2013 година. Друг висок функционер на компанијата, Микеле Донфери Мители, беше осуден на 11 години затвор.
Мостот се урна за време на силен дожд во екот на туристичката сезона, при што од него паднаа автомобили и камиони.
Емануел Дијаз, чиј брат Хенри почина во несреќата, изјави за италијанската телевизија дека е „многу задоволен“ од пресудата. Егле Посети, која ги загуби сестра си и семејството во уривањето, рече дека 12-годишната казна на Кастелучи е „прифатлива“.
Новиот мост, дизајниран од италијанскиот архитект роден во Џенова, Ренцо Пијано, беше отворен во 2020 година.
фото/ЕПА
Текстот Пресуда за уривањето на мостот во Џенова при што загинаа 43 лица е превземен од МАКФАКС.














