Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, присуствуваше на премиерата на театарската претстава „Татко“ од авторот Флоријан Зелер, во режија на Иван Поповски, која беше изведена во рамките на културната манифестација „Охридско лето“.

Претставата на чувствителен начин ја обработува темата на деменцијата, губењето на меморијата и емоционалните предизвици со кои се соочуваат болните и нивните семејства, пренесувајќи силна порака за љубовта, трпението и посветеноста.

„Театарот е најмоќната форма на уметност која го соочува човекот со самиот себе. Горди сме што и Општина Чаир беше меѓу поддржувачите на оваа премиера. Инвестирањето во културата е инвестирање во дела кои оставаат трага, поттикнуваат размислување и го збогатуваат уметничкиот живот на нашето општество“, изјави Меџити.

Меџити ја оцени и изведбата на актерот Бајруш Мјаку, истакнувајќи го неговиот исклучителен придонес во албанскиот театар.

Текстот Меџити присуствуваше на премиерата на претставата „Татко“ на „Охридско лето“ е превземен од МАКФАКС.