Полицијата уапси Црногорец кој возел со брзина од 205 километри на час на автопат во гевгелиско.
Вчера околу 11 часот на автопатот А1, кај село Милетково, гевгелиско, полициски службеници го уапсија црногорскиот државјанин Д.Б.(36).
При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека Д.Б. управувал патничко возило „бмв“ со црногорски регистарски ознаки, со брзина од 205 километри на час, на место каде брзината на движење е ограничена на 120 километри на час.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а против лицето е поднесена соодветна пријава
Текстот Уапсен Црногорец, на автопат во гевгелиско возел со брзина од 205 километри на час е превземен од МАКФАКС.



















