Вчера вечер на Градскиот плоштад во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово уапсија 16-годишник од Тетово, поради основано сомнение за сторено кривично дело „тешка кражба“ во црквата „Св. Богородица“ во Тетово.

Тој, истиот ден околу 21:10 часот, одзел пари и предмети од црквата. Известен е јавен обвинител и во присуство на родител и претставник од Центарот за социјални работи, со малолетникот е извршен службен разговор.

По документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава

Текстот Уапсен малолетник кој украл пари и предмети од црква во Тетово е превземен од МАКФАКС.