Во ОВР Кавадарци вчера било пријавено дека околу 22:00 часот на улица „Маршал Тито“ во село Сопот, кавадаречко, И.А.(43) од с.Сопот, управувајќи електричен тротинет изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил И.А., констатирани во Општа болница Кавадарци.
Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.
Текстот Паднал од електричен тротинет: тешко повреден маж од Кавадаречко е превземен од МАКФАКС.





















