Иако денеска требаше да се одржи средба на опозицијата за да се договори и да искристализира заеднички текст на изборниот закон, има спротивни реакции. Доаѓаме до заклучок дека опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку сакаат блокада, истакна Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Со месеци се преговараше, над 4 месеци, потоа кога требаше да се поднесе законот, се повлекуваа, со што директно одиме на тоа дека едноставно опозицијата нема интерес овој закон да биде донесен и да го исполниме последниот „benchmark“ што го имаме како врска од реформската агенда.
После четири месеци секојдневно работење и во Министерството за Правда, но и во Собранието, сега гледаме дека се бараат експертски расправи и така натаму, со што уште еднаш укажуваме дека сепак најверојатно постои договор помеѓу опозициските партии овие закони да не бидат прифатени“.
Стојаноски посочи дека се што ќе договорат тие, власта би прифатила без никаков услов, додека, како што нагласи во тоа законско решение е вклучено и гласањето на дијаспората.
„Остануваме и понатаму, веднаш спремни такво законско решение да го прифатиме, да го потпишеме и да го поднесеме со цел Македонија да добие изборен законик кој што ќе го унапреди моделот на изјаснувањето на дијаспората, но и ќе ги исполни обврските од европската агенда.
Доколку тоа не се случи во текот на денешниот ден, а со оглед дека рокот е до 15 јули, уште еднаш ќе се покаже хипокризијата, каде што во првиот дел од денот не обвинуваат дека не сме ориентирани кон исполнување на реформите за приближување кон Европската Унија, во вториот дел од денот самите ги блокираат“.
Текстот Стојаноски: Опозициските партии не сакаат нов изборен законик, туку блокада е превземен од МАКФАКС.

















