Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста.
СДС, велат од партијата на Мицкоски, уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции.
„СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за младите, а наместо исполнети ветувања, многумина млади ја напуштија државта и се иселија.
Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите со конкретни мерки и програми а од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините.
Во текот на август и септември започнува програмата „Месеци на практикантство“, во соработка со државните универзитети преку која студентите директно ќе се вклучат во работата на општините. Наместо да бидат неми набљудувачи, младите ќе станат активни учесници во подобрувањето на локалната самоуправа“.
Младите, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. За таа цел Буџетот за наука од 380 милиони денари во 2024 го зголемивме на 773 милиони денари во 2026.
„Буџетот за високото образование во 2022 беше помалку од 3 милијарди денари, во 2026 за универзитетите има 8 милијарди денари.
Доделени беа 55.000 ваучери за електронски уреди во вредност од 250 евра, 10 илјади евра за отпочнување на сопствен бизнис со Оперативниот план за 2025 година, а тоа ќе продолжи и оваа година, доделени беа 10 илјади евра за млади земјоделци, се прошири опсегот за субвенционираниот студентски оброк. Ова се показателите дека Владата се грижи за младите да можат да градат иднина дома.
Ги подобривме условите за образование и воспитание. Вложени се 70 милиони евра во образовната инфраструктура, по 35 милиони одвоија МОН и Владата за над 90 инфраструктурни проекти“.
Текстот ВМРО-ДПМНЕ: Фактите и резултатите ги демантираат лагите на СДС, Владата реализира конкретните мерки и програми за младите е превземен од МАКФАКС.

















