Белгискиот премиер Барт де Вевер изјави дека Член 5 од НАТО се однесува на ситуации во кои членка на Алијансата е нападната, а не на случаи кога сојузниците самите започнуваат воени дејствија.

„Член пет е за кога сте нападнати, а не обратно. Другите членови не се обврзани да учествуваат во еднострани напади. Тоа не е духот на алијансата“, рече Де Вевер, според извештаите објавени на социјалните медиуми.

Член пет од Северноатлантскиот договор предвидува дека вооружен напад врз една или повеќе членови се смета за напад врз сите членови и дека секоја земја одлучува кои мерки ги смета за неопходни како одговор.

Член пет од Северноатлантскиот договор ја претставува основата на колективната одбрана на НАТО. Тој предвидува дека вооружен напад врз една членка на Алијансата се смета за напад врз сите членови, pi[uvaat mediumite.

Сепак, Член пет не е формулиран како автоматска објава на војна. Секоја земја-членка одлучува кои мерки ги смета за неопходни како одговор, вклучително и употреба на вооружена сила.

Оваа одредба беше активирана за прв и единствен пат по терористичките напади во Соединетите Американски Држави на 11 септември 2001 година.

Членот пет често се споменува во последните години во контекст на прашањето колку се подготвени сојузниците да се поддржуваат едни со други во случај на директен конфликт.

Изјавите на Доналд Трамп за НАТО дополнително ја интензивираа дискусијата за обврските на сојузниците, бидејќи американскиот претседател претходно ја поврза американската поддршка на Алијансата со поголеми алокации на европските земји-членки за одбрана. На самитот на НАТО во Анкара, лидерите на Алијансата ја потврдија обврската за колективна одбрана.

Во случајот со изјавата на белгискиот премиер Барт де Вевер, суштината е во неговото толкување дека Членот пет е наменет за ситуација во која е нападната членка на НАТО, а не како механизам со кој сојузниците автоматски би биле вовлечени во воени операции иницирани од самата една земја.

Фото: ЕПА

Текстот Белгискиот премиер за Иран: Како членка на НАТО, не мора да учествуваме во нападите на една земја е превземен од МАКФАКС.