„Христијан Мицкоски денеска се сретна со генералниот секретар на Интерпол и најави зајакнување на соработката во борбата против организираниот криминал.

Ако навистина сака да се бори против криминалот, тогаш нека почне од најблиску – околу себе“, порачуваат од СДСМ.

Нека ги замоли Интерпол, додаваат од опозициската партија, веднаш да ја истражат аферата со петте тони дрога што слободно поминаа преку македонската граница и царина.

„Нека им каже дека дрога завршила во Србија, во селото Коњух, кај, како што тврди уапсениот, високо позициониран локален функционер на СНС, кај министерот Гашиќ, потпретседател на СНС, сестринската партија на ВМРО, и нивен голем пријател.

Нека побара истрага, како е можно толку голема количина наркотици да влезе во земјата без знаење на институциите кои тој ги контролира.

Нека се пријави и себе и целата организирана криминална група ВМРО на Интерпол.

Така ќе имаат најмногу работ“а.

Наместо празни изјави за „борба против криминалот“, граѓаните, нагласуваат од партијата на Филипче, очекуваат одговори за тоа како под неговата власт дрогата слободно циркулира, а криминалните мрежи се заштитени.

Според нив, додека Мицкоски се фали со меѓународна соработка, реалноста е дека Македонија, како што велат, под негова власт стана безбедна дестинација за криминалци и шверцери.

„Соработката со Интерпол ќе има смисла само кога прво ќе се соработува со вистината.

А вистината е дека најголемиот проблем со организираниот криминал во Македонија моментално седи во владината фотелја“.

Текстот Мицкоски сака засилена соработка со Интерпол? Нека почне од себе и својата криминална група ВМРО, порачуваат од СДСМ е превземен од МАКФАКС.