Вчера во 20:00 часот на Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, полициски службеници го лишија од слобода Ч.А.(40) од Р.Албанија.

Според информациите на МВР, пр гранична контрола и претрес на товарно возило „волво“ со албански национални ознаки, кое тој го управувал, во кабината на влекачот, биле пронајдени и одземени 24 пакувања со марихуана.

Известен бил јавен обвинител, а Ч.А. е задржан во полициска станица за понатамошна постапка.

Текстот Уапсен албански државјанин на граница, пронајдена голема количина марихуана е превземен од МАКФАКС.