Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата „Соседска патрола“.

Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на Полициската станица Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани полициски службеници и родители на малолетни деца.

Патролата имаше превентивен и советодавен карактер и се спроведуваше на повеќе локации во општината каде што во вечерните часови најчесто се собираат младите, како што се паркови, спортски игралишта и угостителски објекти.

„Во рамки на вечерашната партола, беа остварени непосредни разговори со младите, при што им беа упатени препораки за совесно и одговорно однесување во јавниот простор, чување на урбаната опрема и почитување на јавниот мир. Посебен акцент беше ставен на советите за превенција од меѓуврсничко насилство и злоупотреба на алкохол и други ризични однесувања“, соопштија од Општината Карпош.

Акцијата „Соседски патроли“ е активност која е дел од редовните превентивни активностите на Полициската станица Карпош и се спроведува во заедничка соработка со Општина Карпош, со цел јакнење на партнерството помеѓи институциите, родителите и локалната заедница.

Текстот Полицајци и родители со „Соседски патроли“ во Карпош е превземен од МАКФАКС.