По период посветен на создавање нова музика, македонскиот поп изведувач Марко Logout го претставува својот најнов сингл „Прв потег“.

Станува збор за современа поп песна со модерен звук, впечатлива продукција и приказна за моментот кога еден поглед, една одлука или еден чекор може да промени сè.

„Прв потег“ зборува за неизвесноста и храброста да се направи првиот потег кога срцето го води патот.

Музиката и текстот за песната ги потпишува Марко Логаут, додека аранжманот и продукцијата е реализирана во име на Марио Кузманоски, со цел да се добие современ и препознатлив поп звук.

Песната е придружена со официјален музички спот, снимен во Скопје, во режија на Татјана Милановиќ и камера од страна на Петар Јовановиќ.

Видеото преку модерна визуелна естетика и внимателно осмислени кадри ја доловува атмосферата и емоцијата што ја носи „Прв потег“. Со ова издание, Марко Logout продолжува да го гради својот музички израз, комбинирајќи современа поп продукција со мелодија што лесно останува во сеќавање и рефрен кој ја освојува публиката уште при првото слушање.

Синглот „Прв потег“ е достапен на сите дигитални музички платформи, додека официјалниот музички спот може да се погледне на YouTube каналот на Марко Logout.

Текстот (Видео) Марко Logout со нов сингл „Прв потег“ е превземен од МАКФАКС.