Три лица од Пласница се осомничени за закани и напад врз полициски службеници, информира МВР.

На 6 јули во Пласница, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го привеле 65-годишниот Р.Б. од селото, затоа што агресивно се однесувал и им упатувал закани.

Откако тој бил лишен од слобода, Е.Д. и А.Д., двајцата од Пласница, физички ги нападнале полициските службеници.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Текстот Нападнати полицајци во Пласница откако привеле 65-годишник е превземен од МАКФАКС.