Триесет и седумгодишна жена од Скопје била пронајдена почината во дом на подрачјето на општина Аеродром, информира МВР.
Случајот бил пријавен на 6 јули околу 22:45 часот во СВР Скопје. Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, без видливи траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото на починатата било предадено на обдукција.
Текстот 37-годишна жена пронајдена почината во дом во Аеродром е превземен од МАКФАКС.














