Две лица се приведени во Тетово по полициски претреси извршени во врска со претходно пријавен случај на насилство, во кој со нож биле повредени две лица, информира МВР.
Полициски службеници од СВР Тетово на 6 јули, во периодот од 15 до 18:45 часот, по судска наредба извршиле претреси на две локации кај 38-годишниот Б.И. од Тетово.
Во автомобил „цитроен“, сопственост на Б.И., бил пронајден пиштол што го поседувал со дозвола, а во куќата била пронајдена рамка за пиштолот.
При претрес на објект во Тетово, исто така сопственост на Б.И., полицијата пронашла два пиштоли за кои тој немал дозвола, како и тефтери со евиденција и пари.
Поради сомнение за сторени кривични дела, приведени се Ш.А.(62) и Е.А.(60), двајцата од Тетово. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Текстот По напад со нож во Тетово, полицијата пронајде пиштоли, тефтери со евиденција и пари е превземен од МАКФАКС.














