„Ставовите на Венко Заев денес се утрешни ставови на Апасиев, односно она што го вели СДС, утредента го повторува политичката партија Левица. Веќе се потврдува договорот помеѓу СДС и Левица за координирано дејствување кога станува збор за блокирањето на новиот Изборен законик. Очигледно е дека нивните ставови не се разликуваат, напротив тие се надополнуваат“, кажа Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Не е случајност што и СДС и Левица се противат на решението македонската дијаспора да добие полесен пристап до гласањето. Заедничката цел на политичката партија Левица и СДС им е да го спречат проширувањето на демократското право на нашите иселеници и да создадат нови пречки во изборниот процес.

Се повеќе им станува јасно на граѓаните дека синхронизацијата на ставовите на Венко Заев и Апасиев, е однапред договорена политичка стратегија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи да се залага за донесување на Изборниот законик со широк политички консензус, за спроведување на реформите и за обезбедување можност македонската дијаспора да го оствари своето право на глас на поедноставен начин“, изјави Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.