Рик Хофман, 56-годишниот актер најпознат по улогата на Луис Лит во популарната серија „Suits“, ги изненади своите следбеници на Инстаграм минатата недела објавувајќи селфи пред огледалото, покажувајќи значително поинаков изглед.
Покрај фотографијата, на која актерот има бујна коса и витка фигура, тој кратко напиша: „Помина доста време“ и додаде „Се вратив“.
Објавата предизвика лавина од коментари, а обожавателите ја фалат неговата трансформација и на шега го споредуваат со Харви Спектер, ликот што го игра неговиот колега Габриел Махт во серијата. Еден од неговите следбеници постави прашање кое многумина ги интересираше: „Може ли да прашам која е тајната на твоето слабеење? Изгледаш одлично!“
Хофман не чекаше долго да одговори и откри што стои зад неговата промена. „Строг интермитентен пост и кето диета. Без алкохол“, сподели актерот.
Откако серијата „Suits“ заврши во 2019 година, Рик Хофман не стоеше на место. Тој се придружи на екипата на серијата „Billions“ во споредна улога, а како Луис Лит се појави и во спин-оф сериите „Pearson“ и „Suits: LA“.
Публиката неодамна можеше да го види во филмот на Netflix „Office Romance“, а во 2023 година глумеше во хорор филмот „Thanksgiving“.
Текстот Рик Хофман ја откри тајната на неговата трансформација е превземен од МАКФАКС.














