Полициски службеници од СВР Скопје вчера попладне го лишиле од слобода 21-годишниот С.Б. од Скопје, кој е осомничен за обљуба врз малолетничка, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Според информациите од МВР, истиот ден во 13:20 часот, жена од Скопје пријавила дека на 3 јули на подрачјето на Шуто Оризари, осомничениот се обидел да изврши обљуба врз нејзината 16-годишна ќерка.

Во пријавата било наведено и дека пред околу шест месеци истиот осомничен извршил обљуба врз малолетничката, а целиот настан бил сниман со мобилен телефон од негов пријател.

Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Текстот Хорор во Скопје: Обљубил малолетничка и го снимал сексуалниот чин е превземен од МАКФАКС.