Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, остро ја критикуваше генерацијата З, оценувајќи дека на младите „сè им било сервирано“ и дека треба „да ги испратат во Куба или Иран“.

Во гостување на „Фокс њуз“, 27-годишната Левит рече дека нејзината генерација и помладите од неа пораснале „како да се родени со сребрена лажица во устата“.

„Сè им беше сервирано, а тоа не се вредностите врз кои е изградена оваа земја“, рече таа, додавајќи дека Америка е изградена врз меритократија, напорна работа и остварување на американскиот сон.

Недостигот на работна етика кај младите Левит го припиша на „мрзеливоста“ и „либералната индоктринација“.

„Испратете ги во Куба. Испратете ги во Иран. Брзо ќе посакаат да се вратат“, порача портпаролката на Белата куќа.

Текстот Портпаролката на Белата куќа ја критикуваше генерацијата „З“: Родени се со сребрена лажица во устата е превземен од МАКФАКС.