Поради најавената продажба на 200.000 вентилатори и преносни клима уреди, огромни редици се формираа вчера пред супермаркетите на „Лидл“ низ Франција. Во некои случаи, чекањето на стотици клиенти се претвори во туркање и тепачки, што доведе до тоа полицијата да мора да интервенира во неколку продавници, објавува Euronews.

Околу 200 луѓе се собраа пред продавница на „Лидл“ во Париз, чекајќи до два часа да се отвори. Поради зголемената толпа и побарувачка, полицијата беше на местото за да ја следи ситуацијата.

Видео од хаотични сцени се проширија на социјалните медиуми, на кои се гледа како купувачите брзаат да купат клима уреди со попуст. Во Нантер, западно од Париз, влезната врата на еден супермаркет беше оштетена во хаосот.

Ова доаѓа во време кога Франција се подготвува за уште еден топлотен бран, откако делови од земјата неодамна регистрираа температури над 40 степени Целзиусови. Преносните клима уреди на „Лидл“, кои се продаваат на мало за 179 евра, се значително поевтини од повеќето слични модели на пазарот.

Ова дополнително ја зголеми побарувачката додека домаќинствата се подготвуваат за враќањето на екстремната топлина, а полицијата е повикана во неколку продавници за да помогне во контролата на толпите.

Текстот (Видео) Тепачки за клими уреди во продавниците во Франција е превземен од МАКФАКС.