Меланија Трамп со ретка политичка изјава на социјалните мрежи ја поддржа неодамнешната одлука на американскиот Врховен суд, со која се дозволува сојузните држави да ги ограничат настапите на трансродовите спортисти во женските категории.
„Како што многумина знаат, целосно ја поддржувам ЛГБТКИА+ заедницата. Но, истовремено мора да обезбедиме нашите спортистки да бидат заштитени и почитувани“, напиша Меланија Трамп.
Таа додаде дека е можно истовремено да се поддржуваат правата на ЛГБТКИА+ заедницата и да се зачува фер натпреварувањето во женскиот спорт.
Одлуката на Врховниот суд предизвика остри реакции од организациите за правата на трансродовите лица, кои оценија дека таа е штетна и најавија дека ќе продолжат да се борат за еднакви права.
Врховниот суд на САД претдходно пресуди дека сојузните држави можат да донесуваат закони со кои им се забранува на трансродовите лица да настапуваат во женските спортски категории.
Одлуката беше донесена со шест гласа „за“ и три „против“, што значи дека сличните закони кои веќе се во сила во повеќе од половина од американските сојузни држави најверојатно ќе останат на сила.
Во меѓувреме, Врховниот суд треба да донесе одлука и за извршната наредба на американскиот претседател Доналд Трамп со која се предвидува ограничување на автоматското стекнување американско државјанство по раѓање за дел од децата родени во САД.
Текстот Меланија Трамп по одлуката за забрана на настап на трансродови лица во женските категории: Спортистките мора да бидат заштитени е превземен од МАКФАКС.














