Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, информира дека е завршена постапката за набавка на бесплатни училишни униформи и дека и оваа учебна година сите ученици ќе добијат бесплатни униформи.

„Како градоначалник, верувам дека секое дете заслужува еднаква можност да учи, да се развива и да се чувствува прифатено. Токму затоа, оваа мерка има многу поголемо значење од самата униформа – таа е порака дека сите деца се еднакво важни и дека Општина Гази Баба е нивен искрен партнер и поддржувач. Училишните униформи придонесуваат за поголема еднаквост меѓу учениците, ги намалуваат социјалните разлики, поттикнуваат чувство на припадност кон училиштето и создаваат средина во која знаењето, трудот и воспитувањето се вистинските вредности по кои се препознава секој ученик“, вели тој.

Во исто време, додада Стефковски, обезбедувањето бесплатни униформи претставува и директна поддршка за семејствата.

 

Текстот И оваа година бесплатни униформи за учениците во Општина Гази Баба е превземен од МАКФАКС.