Германскиот министер за одбрана Борис Писториус денес изјави дека воспоставувањето дополнителен штаб на НАТО за одбрана на Балтикот е доказ за решеност на Алијансата да го брани „секој сантиметар од сојузничката територија“.

Зборувајќи во Естонија на церемонијата на НАТО, Писториус оцени дека тоа е „видлива и силна демонстрација на единството, подготвеноста и колективната одлучност на НАТО“ да ги брани своите членки, објави Ројтерс.

На церемонијата, командата на сојузничките копнени сили во Латвија и Естонија беше предадена на германско-холандскиот корпус.

Досега, силите на НАТО во Естонија, Латвија, Литванија и северна Полска беа под единствена команда на мултинационален штаб со седиште во Шчеќин, Полска, пренесува Танјуг.

Текстот Писториус: Алијансата решена да го брани секој сантиметар од сојузничката територија е превземен од МАКФАКС.