Земјотрес со магнитуда од 3,6 степени е регистриран утрово во Босна и Херцеговина, објави Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Според првичните извештаи, земјотресот се случил во 6:18 часот по локално време, со епицентар на 14 километри источно од Зеница и 44 километри северозападно од Сараево. Земјотресот е регистриран на длабочина од седум километри.
EMSC соопшти дека параметрите на земјотресот сè уште не се прегледани од сеизмолозите, што значи дека се можни последователни корекции на магнитудата, локацијата или длабочината.
Нема непосредни информации за штети или повредени.
Текстот Земјотрес со јачина од 3,6 степени ја потресе БиХ, почувствуван во близина на Зеница и Сараево е превземен од МАКФАКС.














