Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека утре (на ден 30.06.2026) поради реконструкција на пумпениот дел во Хидрофор Бардовци и поставување на нова пумпа, ќе има прекин на водоснабдување во населното место Бардовци. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 01:00 часот до 10:00 часот.

Утре, (30.06.2026) поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.Народен Фронт 21, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица (потегот од Дом на Печат до ул.Франклин Рузвелт) и дел од ул.Васил Ѓорѓов. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.

Текстот Без вода утре делови од Скопје е превземен од МАКФАКС.