Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на пуштањето во употреба на новата детска градинка „Пролет“ во Општина Гази Баба, при што истакна дека ваквите проекти директно придонесуваат за подобар квалитет на живот на граѓаните.

Тој нагласи дека првите шест до седум години од животот се клучни за развојот на децата и дека градинките се местата каде што тие стекнуваат знаења, пријателства и животни вредности.

„Родителите сега ќе знаат дека нивните деца се во сигурни раце, додека тие ќе можат да се посветат на своите професионални обврски“, рече Мицкоски.

Премиерот им се заблагодари на градоначалникот на Гази Баба, на пратениците, советниците, општинската администрација, како и на Министерството за социјална политика, демографија и млади за поддршката при реализацијата на проектот.

Тој порача дека Владата продолжува со капитални инвестиции низ државата, наведувајќи дека се градат автопати, булевари, градинки, училишта и игралишта, додавајќи дека вакви објекти со години не биле реализирани.

На крајот, Мицкоски им се заблагодари и на воспитувачите, директорката на градинката и на жителите за трпението за време на изградбата, изразувајќи надеж дека со уредувањето на околниот простор објектот наскоро ќе го добие својот целосен изглед.

Текстот (Видео) Мицкоски: Во Гази Баба пуштена во употреба новата градинка „Пролет“ е превземен од МАКФАКС.