СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н. (60) од селото Волино, општина Дебрца, поради сомнение дека сторил кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според полицијата, пријавениот во периодот од 2017 до 2025 година, додека ја извршувал функцијата градоначалник на Општина Дебрца, не извршил должен надзор и не ги утврдил правните и физичките лица кои биле сопственици, корисници или носители на право на располагање со недвижен имот на територијата на општината, а кои имале обврска да плаќаат данок на имот.
Исто така, како што се наведува, не биле преземени активности ниту за нивно реоданочување.
Со ваквото постапување, според СВР Охрид, на Општина Дебрца ѝ била предизвикана штета во износ од 431.245 денари.
Против осомничениот е поднесена кривична пријава по член 353 од Кривичниот законик.
Текстот Кривична пријава за поранешен градоначалник на Дебрца, општината оштетена за над 431 илјада денари е превземен од МАКФАКС.





















