Кое е најпопуларното име за девојче, а кое е најпопуларното име за момче?
Најпопуларните имиња за бебиња во Германија се уште се Софија и Ноа, според анализата на Друштвото за германски јазик за 2025 година и податоците од матичните служби.
Софија и Ноа беа на првото место и во 2023 и во 2024 година. Зад Софија во првите пет се Миа, Лина, Ела и Хана.
За момчиња, Матео, Тео, Лео и Емил следат зад Ноа. Во споредба со претходната година, Тео и Емил се искачија неколку места погоре.
„Ноа и Софија долго време се повеќе од само трендовски имиња – тие се етаблираа како модерни класици“, рече Андреа-Ева Евелс, извршен директор на Друштвото за германски јазик.
Во исто време, подемот на Тео и Лео покажува дека кратките и привлечни имиња се особено популарни.
Друштвото за германски јазик објавува годишен список на најчести имиња за бебиња од 1977 година.
Текстот Ова се најпопуларните имиња за бебиња: На врвот на листата трета година по ред е превземен од МАКФАКС.





















