Пејачката Кејти Пери долго време ужива во љубовта со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо, а сега тие се појавија на црвениот тепих за прв пат како пар и разменија нежности, со што уште еднаш потврдија дека нивната љубовна приказна не е само минлива.
Заедно дојдоа на фестивалот Трибека во Њујорк за новиот документарец на пејачката „Katy Perry: The Lifetimes Tour – Live from Paris“ за кој таа вели дека е посветен на нејзините обожаватели ширум светот.
За оваа посебна пригода, Кејти избра долг, романтичен бел фустан без ракави со детали од кармин во деколтето и пределот на половината, додека Џастин се одлучи за проверена комбинација – класично црно одело во комбинација со бела кошула.
Двајцата се насмевнуваа еден на друг, и додека пејачката даваше изјави, поранешниот премиер не го тргна погледот од неа.
Текстот (Фото/Видео) Прв пат заедно на црвениот тепих: Веќе не можат да ја скријат огромната љубов е превземен од МАКФАКС.





















