Граѓаните на Косово денеска повторно излегуваат на  парламентарни избори, третпат во последните 18 месеци, откога ниту една партија не успеа да обезбеди доволно силно мнозинство за да се стави крај на политичката криза во земјата.

Косово е без функционална влада изминатата година, бидејќи парламентот не успеа да избере претседател.

И на овие избори анализите покажуваат победа на Самоопределување на актуелниот премиер Албин Курти кој победи и на последните избори во декември, минатата година, но не постигна договор со останатите партии за функцијата претседател на парламентот, кој беше распуштен во април годинава.

Косовската изборна комисија објави дека повеќе од 900 кандидати од 17 партии и три коалициски блока се натпреваруваат за 120 места во парламентот, а регистрирани се околу 2,1 милиони гласачи од кои 1,6 се резиденти, а останатите се дијаспора.

Текстот Денес избори во Косово третпат за 18 месеци, граѓаните пак избираат пратеници е превземен од МАКФАКС.