Министерството за надворешни работи на Црна Гора објави дека во пресрет на самитот во Тиват, ќе направи сè за да „ги пречека пријателите, сојузниците и партнерите на највисоко ниво и да обезбеди успешно и достоинствено одржување на овој важен меѓународен настан за нас“.
„Низ целата своја историја, Црна Гора е препознаена како гостопримлива земја, каде што искрено се радуваме на секој добронамерен гостин. Како одговорна и кредибилна членка на НАТО, Црна Гора гарантира безбеден, сигурен и пријатен престој на сите свои гости“, напиша црногорското Министерство на мрежата Икс, пренесува „N1“.
Додадено е дека нивниот приоритет останува „никаква секундарна околност да не го засени успехот на Самитот и заедничките цели што ги промовираме преку него“.
Вучиќ доби совет од БИА да не патува во Тиват, пренесоа медиумите во регионот.
Тој пак во изјава рече дека не се плаши и дека не го фасцинираат заканите.
Текстот „На сите им гарантираме безбеден престој“: Се огласи Министерството за надворешни работи на Црна Гора е превземен од МАКФАКС.





















