Во зградата на амбасадата на Пакистан во белградската населба Дедиње, утрово избувна пожар.
Фотографиите и снимките објавени на Инстаграм страницата „Мој Београд“ покажуваат густ чад како се издига од еден од горните катови на зградата на амбасадата.
Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот или како започнал, објавува „Нова.рс“.
Надлежните органи сè уште официјално не го коментирале инцидентот, а нема информации за повредени. Обемот на материјалната штета е исто така непознат.
Повеќе информации се очекуваат по истрагата и официјално соопштение од надлежните органи.
Текстот (Видео) Драма во Белград: Пожар избувна во амбасада на Дедиње е превземен од МАКФАКС.





















