Повеќе од 30 сеизмички настани се случија ноќеска во Русија покрај брегот на Камчатка откако беше регистриран земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала, објави огранокот на Камчатка на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките.

„Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран во Тихиот Океан на длабочина од 41 километар под морското дно. Во рок од неколку часа, во таа област се случија рој земјотреси, регистрирани се околу 30 земјотреси“, објави агенцијата ТАСС.

Не е издадена закана од цунами.

Текстот Серија земјотреси во Русија: повеќе од 30 ја погодија Камчатка е превземен од МАКФАКС.