Во СВР Скопје вчера во 20:40 часот, 44-годишен маж од Скопје пријавил дека во периодот од 27.05. до 01.06.2026 бил измамен од Д.П. за сума од 309.800 денари.
Според пријавеното, тој со Д.П. се познавал од претходно, а бил измамен на тој начин што Д.П. требало да му посредува при земање на кредит од банка, односно во неколку наврати му ги дал парите за покривање за трошоците за подигање на кредитот.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Текстот Скопјанец измамен за над 300. 000 денари: измамникот требало да му посредува при земање на кредит од банка е превземен од МАКФАКС.





















