Во рамките на отворениот ден за граѓаните, утре, 28 мај, со почеток во 12:00 часот, на градскиот стадион во Штип, претседателката и врховен командант на Вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, придружувана од началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, ќе ја посети презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата.
„На настанот кој е организиран по повод успешно реализираната вежба „Блесок 26“, во чии рамки се изврши оценување на борбената готовност (CREVAL) на Лесната пешадиска баталјонска група (ЛПБГ), граѓаните одблиску ќе може да се запознаат со способностите, професионалноста и подготвеноста на припадниците на Армијата“, соопштија од Канцеларијата за воени односи со јавноста на Генералштабот на Армијата.
Презентацијата на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата ќе биде отворена за граѓаните во период од 10:00 до 14:00 часот.
Текстот Презентација на воена опрема, возила и способности на единиците на Армијата утре на градскиот стадион во Штип е превземен од МАКФАКС.






















