Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска во земјата го пречека неговиот колега од Хрватска, Андреј Пленковиќ. Според Мицкоски, посетата на хрватскиот премиер е потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска.

„Денес имав чест и задоволство да го пречекам претседателот на Владата на Република Хрватска, Андреј Пленковиќ. Оваа средба претставува потврда за добрите односи и пријателството помеѓу Македонија и Хрватска, како и важноста на меѓусебната соработка, европските вредности и регионалната стабилност“, напиша Мицкоски на социјалните мрежи.

Текстот Мицкоски го пречека Пленковиќ: Средбата е потврда за добрите односи меѓу Македонија и Хрватска е превземен од МАКФАКС.