За осум часа во Скопје се казнети 116 мотоциклисти и одземени се три мотоцикли.
Вчера, во периодот од 10:00 до 18:00 часот од страна на полициски службеници беше спроведена засилена акциска контрола на територија на Скопје за санкционирање на прекршоци сторени од возачи на мотоцикли.
Од МВР известија дека се казнети 116 возачи, од кои 64 за некористење кацига, 13 за управување мотоцикл без положен возачки испит, три нерегистрирани мотоцикли и други видови прекршоци.

„Одземени се три мотоцикли поради сторено кривично дело по член 297а од КЗ ‘безобѕирно управување моторно возило’“, велат од МВР.
Од таму додаваат дека акциските контроли продолжуваат и наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот, особено мотоциклистите, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да продонесеме за побезбеден сообраќај.
Текстот За осум часа казнети 116 мотоциклисти во Скопје е превземен од МАКФАКС.






















