Полициски службеници во Струмица ноќеска лишиле од слобода Н.Џ. од село Двориште, беровско, откако кај него и во неговото возило биле пронајдени дрога, оружје и муниција.
Инцидентот се случил околу 02:00 часот по полноќ, во близина на угостителски објект во Струмица, каде што полицијата извршила контрола врз лицето и возилото во кое се наоѓал.
Според информациите, кај него била пронајдена бела прашкаста материја за која во разговор со полицијата изјавил дека е кокаин.
При дополнителен преглед на автомобилот „фолксваген голф“ со беровски регистарски ознаки, во багажникот биле пронајдени оружје, муниција и делови од полициска опрема за кои постои сомнение дека биле нелегално поседувани.
Лицето е задржано во Полициската станица Струмица, а за случајот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Текстот Кокаин, оружје и полициска опрема најдени во голф е превземен од МАКФАКС.






















