Европската комисија ја одобри новата транша во износ од 65,7 милиони евра за Република Северна Македонија во рамките на Планот за раст за Западен Балкан и Механизмот за реформи и раст. Според вицепремиерот и министер за европски прашања, Беким Сали, оваа поддршка претставува силна потврда дека државата успешно ги спроведува реформите и ги реализира клучните приоритети во областа на дигитализацијата, образованието и институционалниот развој, во согласност со европските стандарди.
Сали ја поздрави одлуката на Европската комисија, истакнувајќи дека ова претставува важен сигнал на доверба и признание за реформската агенда на државата.
„Европската интеграција повеќе не е само политичка аспирација. Денес таа се претвора во конкретни инвестиции, поддршка и реални можности за нашите граѓани“, изјави министерот Сали.
Овие средства, додаде тој, претставуваат дополнителен поттик за продолжување на реформите, зајакнување на институциите и забрзување на европскиот пат на државата.
Текстот Сали: Уште еден конкретен европски успех – 65,7 милиони евра за Северна Македонијa е превземен од МАКФАКС.























