Воен авион на НАТО денес собори дрон во Естонија, за кој се верува дека е лансиран од Украина, изјави естонскиот министер за одбрана Хано Певкур.
Во интервју за порталот „Делфи њуз“, Певкур потсети дека ова е последното во низата повреди на воздушниот простор во земјите што граничат со Русија, објавува Ројтерс.
Од март, неколку украински воени дронови залутаа во воздушниот простор на земјите-членки на НАТО: Финска, Латвија, Литванија и Естонија.
Сите овие земји граничат со Русија, а латвиската влада поднесе оставка минатата недела поради начинот на кој се справуваше со слични ситуации.
Досега никој од седиштето на НАТО не одговори на барањето на Ројтерс за коментар, пренесува медиумот.
Текстот Воен авион на НАТО собори дрон на границата со Русија е превземен од МАКФАКС.























