Вчера во 21:10 часот во село Неготино, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате, го привеле 52-годишниот В.А. од село Неготино.

Тој бил баран со наредба од Основен суд Гостивар за издржување на затворска казна во траење од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Тој е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Идризово за издржување на казната.

Текстот Уапсен дилер од гостиварско за издржување 18-месечна затворска казна: спроведен е во затвор е превземен од МАКФАКС.