Времето утре ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, пообилен во западните и југозападните делови (над 20 l/m²), грмежи и засилен северозападен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 13, а максималната ќе достигне од 16 до 24 степени.
Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 23 степени.
До крајот на оваа седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот.
Во следните денови во Скопје времето ќе биде променливо со сончеви периоди во текот на денот. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, засилен ветер и грмежи.
Текстот Пороен дожд, грмежи и локално невреме до крајот на оваа седмица е превземен од МАКФАКС.























